Добредојдовте во 3Дизајн Центар, креативна маркетинг агенција и концепт продавница лоцирана во Брвеница. Основани сме во 2021 година од страна на Дубравка Ѓилас и Тони Илиоски со мисија да обезбедиме оптимистичко и инспиративно место каде секој може да го најде совршениот и уникатен подарок за себе или за своите најблиски.

Нашите понудени производи постојано се менуваат и растат, но ние сме специјализирани за различни производи, вклучувајќи постери, чаши, торби за пазарување, фото камен, фото стакло, маици, дуксери, перници, бебешки лигавчиња и бебешки бодиња, шишиња за вода, привезоци, и многу други. Во 3Дизајн Центар, имаме за цел да креираме дизајни и производи со кои секој може да се поврзе на свој уникатен начин.

Секој од нашите производи носи автентична порака и одразува незаборавен момент. Се гордееме со нашата способност да создаваме значајни дизајни кои зборуваат за нашите клиенти на лично ниво. Без разлика дали барате подарок за пријател, член на семејството или дури и за себе, ќе најдете нешто посебно во 3Дизајн Центар.

Како креативна маркетинг агенција, им помагаме на бизнисите да развиваат и формираат долгорочни партнерства на патот кон успехот преку употреба на дигитални платформи. Нашата корпоративна култура промовира пристап фокусиран на луѓето, а ние работиме со нашите клиенти на секој чекор од патот, не само со развивање и имплементирање на маркетинг план прилагоден на нивните специфични потреби, туку и со давање совети за други деловни операции. 

Ви благодариме што не имате во предвид за вашите потреби за купување но и бизнис соработка. Со нетрпение очекуваме да ви помогнеме да го пронајдете совршениот производ или со некоја наша услуга кои ќе донесат радост и инспирација во вашиот живот.

Вашиот совршен дизајн на маици, торби за пазарување и повеќе.

За Нас

3Дизајн Центар е креативна и зелена маркетинг агенција, како и креативна продавница за печатење каде што можете да ги испечатите вашите дизајни на маици, дуксери, еколошки торби, шолји за кафе/чај, подлоги за шолји, привезоци, бебешки бодиња, стаклени рамки, фото камен, дрвени или керамички магнети или да купите од нашите готови и изложени артикли!

mk_MK